134 нови случаи на ковид-19, 34 оздравени и починати се осум лица

0
879

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 97, Куманово 5, Прилеп 1, Тетово 11, Струга 3, Велес 1, Битола 1, Кавадарци 1, Крушево 2, Валандово 1, Кратово1, Кичево 2, Ресен7, Неготино 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од: Скопје 6, Куманово 23, Прилеп 2, Тетово1, Велес 2.

Починати се 8 лица, пет од Скопје, еден пациент од Куманово и двајца пациенти од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).

Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1.757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.331.