Возвишено беше чувството да се застане на бината покрај моите драги пријатели, пред огромниот број приврзаници на социјалдемократската идеја и поддржувачи на мојата кандидатура за градоначалник на општина Прилеп.
Му благодарам на моето семејство кое безрезервно ме поддржува сите овие години, чија љубов и доверба ми даваат сила и верба да истраам во тоа што го работам и на кое сум максимално и безрезервно посветен.
Вечерашниот настан беше сосем нов и уникатен пристап во начинот на мојата промоција првенствено како личност, а потоа и како политичар. Промоција гледана низ призмата на луѓето кои долго и добро ме познаваат.
Доколку ја добијам довербата, ќе бидам градоначалник на сите граѓани. Без исклучок. Бидејќи и моето сфаќање на животот, мојата животна филозофија е да обединувам, не да делам.
Убеден сум дека победата на СДСМ на претстојните локални избори е извесна, од причина што граѓаните ја препознаваат нашата искрена заложба за создавање еднакво општество за сите граѓани, земја во која младите гледаат перспектива и ја планираат својата иднина.