12 ГОДИНИ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ОРГАНИЗАТОР НА ГАЛИЧКА СВАДБА, КОЈ Е АЛЕКСАНДАР ФИЛИПОВСКИ ЦАНДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ?

0
1658

Александар Филиповски- Цанде го знаеме од успесите на компаниите кои ги води, до влијанието од неговите одлуки за време јавните функции, како и еден од организаторите на Галичка свадба и редовен навивач на трибините на МЗТ.

Александар Филиповски по професија е дипломиран економист и доаѓа од приватниот сектор, кадешто работи веќе 12 години. Денеска е заменик извршен директор на компанијата Технокомерц која е генерален застапник на Рено камиони во Северна Македонија и работи со трговија со градежни машини, а во нејзини рамки функционира и ланецот „Стоп и Го“.

Поранешен пратеник е на Социјалдемократскиот сојуз во Собранието на РСМ и е претседател на Управниот одбор на ТИРЗ од 2016 до 2018 година. Како пратеник учествува во носење на важни одлуки кои и денес имаат видливи резултати, како што се покачување на минималната плата и влезот на државата во НАТО.

Со потекло од Галичник, пораснат во Општина Аеродром, отсекогаш ги поддржува плаво-белите, а 2 години беше претседател на кошаркарскиот клуб МЗТ-Скопје.

Дел е од организациониот одбор на Галичка свадба, а на падините на Бистра со тимот од Sherpa Horse Riding креираат една успешна, туристичка атракција. „Шерпа” годинава слави цела деценија поставувајќи, високи стандарди во македонскиот планински туризам.

Приватното време Филиповски го поминува со семејството, сопругата Вера и ќерката Гала. Честопати го гледаме и на маалски клупи со пријателите, со коишто е постојано опркужен.