12 приведени во акцијата на МВР

0
497

index

Основното Јавно обвинителство соопштува дека сонесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која во текот на ноќта и утринава се спроведуваше во повеќе градови во земјава.

-Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и овластување кој ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложи до Судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка притвор, се вели во соопштението од ЈО.

Истрагата во надлежното обвинителство продолжува.