ШИЛЕГОВ: АРСОВСКА СЕ КРИЕ ДЕКА Е НЕЗАВИСНА, A И ВРАПЧИЊАТА ЗНААТ ДЕКА E КАНДИДАТКА НА ВМРО-ДПМНЕ

0
1243

Данела Арсовска се крие дека е независна кандидатка, а и врапчињата знаат дека е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Таа ги потценува граѓаните со ова криење, смета градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов за дневникот на ТВ Сител.

Според него, Арсовска се срами од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако е независна, која е листата на независни советници? Тие што се кријат како независни, ја убиваат граѓанската иницијатива и се уништува невладиниот сектор. Ми пречи тоа. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш објавувал „независни“ кандидати, како Иванов, Силјановска-Давкова и Љубиша Георгиевски и после тоа тие т.н. независни стануваат најревносни партиски послушници. Најголемата опозициска партија се срами се да излезе пред скопјани во оваа ситуација, потенцира Шилегов.

Тој додаде дека е горд што е кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ и никогаш не се криел дека е социјал-демократ.