СПАСОВСКИ НА ТРИБИНА ,,НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА” ВО КУМАНОВО: ПОКАЖАВМЕ ДЕКА ЗБОРОТ Е ЗБОР, ПЛАТИТЕ РАСТАТ ВО СИТЕ СЕКТОРИ, ПАРИТЕ ОДАТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ

0
1404

Спасовски на трибина „Најдобро за нашата општина“ во Куманово: Покажавме дека зборот е збор, платите растат во сите сектори, парите одат кај граѓаните.

Во своето обраќање на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово, потпретседателот Оливер Спасовски порача дека СДСМ во овие четири години ги реализираше ветувањата дадени пред граѓаните, покажа вистинска грижа за сите граѓани, го постави и ѓивее концептот Едно општество за сите.
– Речиси сите проекти ветени пред граѓаните на изборите во 2016 година, сега се реалзиирани. Ќе се осврнам на економскиот дел, воведовме поврат на ДДВ за граѓаните, воведовме дневна евтина тарифа на струјата, неколкукратно ја зголемивме минималната плата, 8.500 денари беше минималната плата во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, сега таа е над 15.000 денари. Платите неколкукратно се зголемени во сите сектори и во здравството, во образованието, во социјалната и детска заштита, во одбраната и полиција. Покажавме и покажуваме што значи вистинска грижа за граѓаните. Денеска во Собранието го донесовме Законот за пензионирање на 62 и 64 години, на седница на Влада го усвоивме Законот за отпис на камати на долгови, со што на 150.000 граѓани ќе им помогнеме трајно да ги затворат долговите кон јавните претпријатија“ порача Спасовски.
Потпретседателот Спасовски истакна дека граѓаните имаат доверба во СДСМ, затоа што СДСМ и на локално и на централно ниво во овие четири години докажа дека зборот даден пред граѓаните, важи, дека е посветена на интересите на граѓаните и државата и затоа СДСМ е неспорен фаворит на локалните избори како во Куманово, така и во сите други општини.