110 ЖИТЕЛИ НА РЕСЕН ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ДИРЕКТНИ КОНТАКТИ СО 25 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ОД СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА

0
895

Дел од заболените, како што изјави министерот за здравство Венеко Филипче, биле заедно на семејна прослава, а потоа болеста се прошири низ Општина Ресен. (Фото: Општина Ресен)

Вкупно 110 жители на Општина Ресен се ставени под здравствен надзор зашто имале директни контакти со 25 позитивни лица на КОВИД-19 од Ресен, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола. Според здравствените власти, дури кај 24 жители на Општина Ресен болеста е во тек.

Ресен три месеци немаше заболени од коронавирус. Првиот позитивен случај на КОВИД-19 се појави на 10 јуни и за пет дена бројката се искачи на 25 инфицирани, од кои едно лице почина.

Дел од заболените, како што изјави министерот за здравство Венеко Филипче, биле заедно на семејна прослава, а потоа болеста се прошири низ Општина Ресен.