Претседателот на УМС Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ поставил морбиден плакат во дворот на Министерството за здравство

0
2249

Морбиден плакат со конотација што симболизира „црн ангел на смртта“ на кој е монтиран ликот на министерот Филипче, денеска е поставен во дворот на Министерството за здравство. Стефан Синадиновски, претседател на УМС Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, како што пишуваат на социјалните мрежи наводно го монтирал тој плакат во дворот од министерството.

Стефан Синадиновски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2010 година. Тој во 2018 година е избран за Претседател на УМС на ОК Аеродром, а во исто време е назначен и за член на ОК Аеродром. На 08.09.2020 година е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, пишува во официјалната веб страница од ВМРО-ДПМНЕ.

Од она што може да се погледне од фотографиите што Синадиновски ги поставил на својот профил на Фејсбук, тој покрај што е во извршните тела од партијата, е и близок соработник и пријател со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Целата сторија ќе може да ја прочитате на следниот линк на порталот Фронтлајн ОВДЕ