🚩 РУСКОВСКА – КАКО Е КОГА ГИ РУШИШ ПРАВИЛАТА, A СЕГА ТЕБЕ ТИ ТРЕБААТ❓

0
879

Со години повикував: “Не ги рушете правилата и принципите кои можеби ќе ви требаат и вам …”

❗Многумина не разбираа што пишувам.
Еве денес Вилма Русковска, по потврдена суспензија од Советот на ЈО по решение на ЈО на РСМ, кој оцени дека, “таа треба да остане оддалечна од кривичната постапка против неа за незаконит претрес, за да не може да влијае на исходот” …, таа вели:
“Не сум влијаела на ниеден обвинител …, прашајте било кој обвинител”.
Помина времето на “жими мајка”.

ГРУБО ЛАЖЕШ РУСКОВСКА❗

Русковска, да те потсетам …
Ако имаше правда, работа по закон, професионализам, не мешање и етика во твоето постапување Ти пред две и пол години ќе беше со денешниот твој статус – СУСПЕНДИРАНА, а верувам и разрешена❗

ЗОШТО❓

1️⃣ Затоа што издаваш незаконски наредби при претрес на твоите истражители на кои им гарантираш заштита од прогон, зошто преку нив се штитиш себе си❗

2️⃣ Затоа што ГО ЛАЖЕШЕ СУДОТ со “озаконување” на незаконскиот претрес и неповредливоста на правото на мојот дом кога по жалба за претрес ве прашаа што сте презеле, а вие лажевте, за да “бидете чисти”❗

3️⃣ Затоа што се закануваш, “препорачуваш” и се мешаш во работата на сите институции и истраги кои се водат против тебе и твоите незаконски наредби спроведени од твојот “штит” – истражителите кои ги извршиле и зад кои се криеш❗

4️⃣ Затоа што нарача прогон на инспектори од МВР кои собраа пишани докази и признанија за ТВОИТЕ наредби за каубојскиот упад во мојот дом без ниту едно испочитувано правило❗

5️⃣ Затоа што демнеше зад сите обвинители кои постапуваа по пријавите против тебе – за да ја прикриваат и попречуваат правдата …❗

6️⃣ Затоа што фингираш, влијаеш и кривотвориш на секој чекор …, дури и во Граѓанскиот Суд каде што не можеш да се “одбраниш” од својата вина за клевета по моја пријава❗

7️⃣ Затоа што се ЗАКАНУВАШ кон сите судии кои одлучиле спротивно на твојата воља за нечија замислена вина која не можеш да ја докажеш на Суд❗

8️⃣ Затоа што со твојата блеф-правда и незаконски претрес во мојот дом (Потпретседстел на Собрание и надзорен пратеник над УБК) ТИ се обиде да го попречиш моето пратеничко постапување по пријавите за твојата удбашка PR-клиентела и оној затворски туризам во Струга❗

Би редела јас до 1️⃣0️⃣0️⃣ и назад, но не вреди…, што заради глупоста и глувоста со која делумно управуваше и ТИ…., што за сите протурени лаги преку твоите брифинзи за новинари од “тајните PR истраги” во стилот “од извори блиски од истрагата дознаваме …”❗

🚩Лажеше – сушеше Вилма❗

Те понесе привидната “подршка од јавноста” која ја градеше со помош на скапо платената пропаганда – диригирана од твоите кафеански, подрумско-удбашки другари и дружби. Те донесоа до работ од твојата ГОЛА амбиција дека, (наводно) ти си некаков синоном за правда и пркос кон власта. ТИ – правда, пркос …❓

Понтонскиот мост на мафијата – синоним за правда❓

(Kili style) – Ма не не’ је*и молим те❗

Напишаното е лекција за СИТЕ.

Никој не смее да помисли да ги прекрши правилата и законот за да задоволи своја сопствена суета како што тоа го направи ти и многу други пред тебе.
Правилата треба да важат за сите❗

Она што јас можев да го порачам, ТИ го порачував многу (по)одамна кога ти глумеше “ѕвезда” и кога заборави што всушност си ти – политичар или обвинител …, кога ФБ заедницата се плашеше да стави👍 на сите мои писанија за твојот подем и пад кој го живееш, а медиумите стравуваа да пренесат основани и поткрепени аргументи за твојата злоупотреба на функцијата.

🚩Велеа, било ЛИЧНО❓

ДА❗За мене стана лично во оној момент кога ТИ мислеше дека, можеш да влезеш кај мене дома, со знаење дека никој не бега од твојот правда-блеф, без да има сведок .., кога го нареди самовластието кое го нарече претрес …, и кога се обиде мојот макотрпно граден углед, авторитет и професионален интегритет да го ставиш во негативен контекст во фатаморгана обвинение во кое те победив❗

А од него можеше само ДА УЧИШ како треба.

Те победив јас, а те победија и други на Суд Вилма❗

Да те потсетам на Калдрма, Змијски очи, Детонатори итн., …, Рекети, Империи…, па и на 27 Април. Мислиш дека победи❓

Ма неее – тоа ти се “поените” за фазата во која ќе влезеш и ќе ти треба многу добар адвокат кој нема да има судир на интереси со тебе и твоите клиенти…., а такви НЕМА❗

Да ги почитуваше правилата, можеби денес ќе најдев еден збор во твоја одбрана …, еден ама вреден. Батали затворски брифинзи и разузнавачка спин-матрица. Виде, слушна ти порачаа што мислат за твојата “фигуративна правда”.
Жал ми е, па и не, што допрва ќе го плаќаш цехот за својата умислена недопирливост, ароганција и “величина”❗

П.С. Згреши кога, сакајќи да го потенцираш твоето “право” ја потцени мојата социолошка прогноза за тебе 😁

#НаЗдравје

Феејсбук статус на професорката Фросина Ременски.