Џо Бајден и направи голема чест на Македонија : Илинден е основа за суверена република, која САД се горди да ја наречат пријател

0
944

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден во изјава за Гласот на Америка ѝ го честита празникот Илинден на македонската заедница во САД.

-Џил и јас испраќаме честитки до македонско-американската заедница, која што го празнува Илинден и антифашистичката декларација од 1944 година. Овие настани ја поставија основата за суверена, плуралистичка и мултиетничка република, која САД се горди да ја наречат пријател и сојузник, и која е длабоко почитувана членка на евроатлантската заедница, вели Бајден.