ЏО БАЈДЕН ВЧЕРА ТЕЛЕФОНСКИ И ПОРАЧАЛ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕУ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ!

0
4907

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е една од темите на која синоќа разговарале американскиот претседател Џо Бајден и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Како што соопшти Белата куќа, во телефонскиот разговор претседателот на САД, меѓу другото, рекол дека неговата администрација ја поддржува политиката на проширување кон Балканот.

„Двајцата лидери разговараа и за Западен Балкан и притоа претседателот Бајден ја пренесе силната поддршка за продолжување на процесот на пристапување со земјите од регионот“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Пораката на Бајден доаѓа во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи утре во Брдо кај Крањ. На самитот се очекува уште еднаш да биде потврдена заложбата на ЕУ за продолжување на процесот на проширување. Но, според најавите, ќе биде потенцирано дека способноста за прием на нови членки ќе зависи од натамошниот развој на ЕУ.

Според дипломатски извори на германската агенција ДПА, на дополнувањето инсистирала француската влада, која на овој начин сака да ја задржи можноста да го блокира приемот на нови членки доколку ЕУ во наредните години не се реформира доволно согласно француските очекувања. Со тоа, шесте земји аспиранти за членство од Западниот Балкан и натаму остануваат без целосно јасни шанси за полноправно членство во ЕУ.