ЏАМИЈАТА ВО ЗЛОКУЌАНИ Е ДИВОГРАДБА, ОНИЕ КОИ ЈА ГРАДАТ ТРЕБА ДА ЈА УРНАТ ВО РОК ОД 15 ДЕНА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА КАРПОШ

0
951

Од Општина Капрош ги повикале на средба одговорните лица кои ја градат џамијата, но никој не дошол. (Фото: СДК.МК)

Џамијата која се гради во скопската населба Злокуќани е дивоградба и лицата кои ја градат имаат рок од 15 дена да ја урнат, велат од Општина Карпош. Откако граѓани алармираа дека среде населба, меѓу куќите се гради џамија, инспектори од Општината излегле на терен во саботата. Кога отишле на увид не се вршеле градежни работи, но било констатирано дека постои објект за кој не е издадена градежна дозвола.

Одговорните лице биле повикани да дојдат на средба со градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска во 9.30 часот.

„Никој до овој момент не одговори на поканата за средба и не дојде во Општината. Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам“, велат од Општина Карпош.

Граѓаните до редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК испратија фотографии од џамијата која се гради во Злокуќани, велејќи дека никаде нема никакво известување што се гради, ниту табла на која стои кој го гради објектот и кога е издадено одобрението за градба како што предвидува законот.