ЌОСИЊАТА ЌЕ СИ ЛЕЖАТ: СУДОТ ГИ ПРИФАТИ ОБВИНЕНИЈАТА ЗА ТЕРОРИЗАМ, НАСКОРО ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО НА 30 ЌОСИЊА ЗА УПАДОТ ВО СОБРАНИЕ НА 27-МИ АПРИЛ!!!

0
2205
Тројца судии на кривичниот суд во Скопје на нејавна седница го одобрија обвинението за настаните од крвавиот четврток, соопшти кривичниот суд. Тоа значи дека на обвинителна клупа за терористичко загрзоување на уставниот поредок и безбедноста седнуваат ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Вкупно обвинети за крвавиот четврток во собранието се 30 лица.
„По детелно разгледување  на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт донесе решение со кое  го одобри обвинителниот акт во целост. Откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинителниот акт и истиот  согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и  ќе биде закажан термин за глава расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“, соопштија попладнево од судот, јавува макфакс.
Обвинети меѓу другите се и Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началникот во МВР, Душко Лазаров, Митко Пешов, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Александар Василевски-Нинџа.
На обвинителна клупа ќе седнат и оперскиот певец Игор Дурловски, еден од организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски. Ќе им се суди и на двајцата вработени во УБК, Оливер Радулов и Сашо Марковски, кои ги одзеле хард-дисковите со безбедносните видео-снимки од Собранието.