ЌЕ СКАПАТ ВО ЗАТВОР ЗА КОЛЕЖОТ НА 27-МИ АПРИЛ : Организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија!!!

0
1251

Претседателот Ѓорѓе Иванов стави параф на Законот за амнестија за крвавиот упад во Собранието лани. Указот денеска е објавен во Службен весник и веќе тече рокот од пет дена во кои обвинетите може да побараат милост и запирање на кривичниот прогон. Законското решение предивидува сите 33 – ца обвинети посебно да побараат амнестија водејќи се од индивидуалната проценка дали ги исполнуваат условите да бидат помилувани. На денешното судење за крвавиот 27 – ми април, адвокатот Драган Пешевски, бранител на Горанчо Анегеловски – Ќосето и Иван Цветановски, посочи дека двајцата ќе бараат помилување. Пренесе порака од Ќосето кој е во притвор.

„Ќе ја прифати подадената рака за помирување и за простување и ќе поднесе барање за амнестија, а истото ги советува и останатите во оваа постапка да го сторат“, рече адвокатот Драган Пешевски.

Обвинителката Вилма Рускоска во вечерашното интервју за емисијата „360 степени“ на Алсатпосочува дека веќе се поставени контурите кој од обвинетите ќе опфати амнестијата. Рускоска е сигурна дека законот од затвор ќе ги спаси пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, како и двајцата обвинети од кабинетот на тогашниот претседател на Собранието. Сепак, обвинителката лично смета дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија.

„Прашање: Што е со организаторите на протестите?

„Затоа ви кажав за сите останати ќе се одлучи во Јавното обвинителство на Македонија“, одговара Рускоска.

Прашање: Оваа воздржаност значи дека околу организаторите имате дилема?

„Па, јас на пример немам, ама не знам што ќе кажат колегите во републичкото обвинителство“, возврати Рускоска.

Прашање: Мислите дека треба да останат обвинети?

„Јас лично мислам – да“, рече обвинителката Рускоска.

Само двајца од обвинетите за крвавиот четврток лани, јавно посочија дека нема да бараат милост – Игор Југ и Јане Ченто. Законот предвидува дека амнестија за овие настани не може да бараат лица кои извршиле физичко насилство, оние кои носеле оружје, потоа службени лица кои ги пречекориле своите овластувања, како и организаторите на крвавото сценарио. Конечната одлука за помилувањето ја имаат Обвинителството за организиран криминал и судот.