Ќе има ревизија на сите тендери на ЕЛЕМ поради кои граѓаните плаќаат скапа струја

0
1356

Многу скоро ќе има ревизија и за тендерот од 5 милиони евра од РЕК Битола за фирма блиска до Мијалков од минатиот месец и за тендерите од 60 милиони евра во изминатите 10 години коишто ги добила истата фирма. Ќе се преиспитаат и милионските суми за неуспешните реконструкции на комбинатот.

Темелно ќе се проверат и сите тендери при енергетските политики.

Граѓаните ќе дознаат кој се богател додека тие плаќаат за 100 проценти поскапа струја и ќе има одговорност за сите криминали и злоупотреби.

Следуваат промени на одговорно и отчетно работење во интерес на граѓаните