БРАВО ЗА ГЕН СЕКРЕТАРОТ НА СДСМ : Љупчо Николовски цели две ипол години ги донирал своите дневници на СОС Детското село, а за тоа се дозна дури денеска откако му беше доделено признание

0
1162

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој своевремено беше и министер за земјоделие цели две и пол години своите дневници ги донирал, за тоа јавноста дозна денеска откако на настанот во организација на СОС Детското село во Скопје доби признание за најголем индивидуален донатор за 2019 година.

На својот профил на социјалните мрежи Николовски повика на хуманост и меѓусебно помагање.

Ова е ретка прилика за јавноста да види дека не се сите политичари исти.