ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ СЕ ОБИДЕ ДА НАПРАВИ ИНЦИДЕНТ НА БИХАЧКА НА ПРЕСОТ НА ЗАЕВ ИМ СЕ РАЗВИКА НА ПРИСУТНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ВО САЛАТА: ВИЕ СТЕ ЗА ВО ЗООЛОШКА КАЈ ЧОМБЕ!

0
1734

Новинарот Љупчо Златев, уредник на порталот Лидер, инсистираше на одговор од лидерот на СДСМ дали ќе си замине од челната позиција на партијата ако ги изгуби изборите.

На упорноста за ваков одговор Заев рече дека ја разбира причината зошто на оваа прес конференција упорно инсистира на одговор, но повтори дека оптимизмот дека ќе бидат победници на престојните избори го темели врз анкетите и позитивниот тренд на позитивни реакции од тоа што досега го сработиле но и од мерките и понудите во програмата на партијата за предвремените парламентарни избори и додаде дека согласно тие показатели реално е да е оптимист дека СДСМ и коалцијата ке ја добијат довербата од народот да добијат уште еден мандат.

Изнервиран од довикувањата и негодувањата и ракоплескањата на присутните членови на СДСМ, Златев се обиде да испровоцира инцидент па гласно им се развика:

– Вие сте за во зоолошка кај Чомбе, таму треба да ве пратат!

Златев веројатно очекуваше некој да му се налути за навредата и да му залепи две три заушки, но до тоа не дојде и обидот беше неуспешен. Целта на Златев беше да направи инцидент и после со недели и месеци да се зборува како во седиштето на СДСМ физички бил нападнат новинар кој храбро се борел против некаков замислен диктатор?!?!