ЉУБЧО ЗА БУГАРСКА ТВ : МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НЕ ЈА СОЗДАДЕ ТИТО, ТУКУ ЈА СОЗДАДОА БУГАРСКИТЕ ПРЕДАВСТВА, БУГАРИЈА МНОГУ ПАТИ ВО ИСТОРИЈАТА ГИ ОСТАВИ МАКЕДОНЦИТЕ НА ЦЕДИЛО

0
1372

– Македонската нација не е создадена од Тито 1945-та како што тврди бугарската историја, туку таа е создадена на ист начин како што е создадена Австралиската нација преку масакрот во Галиполе во Турција кога Черчил ги праќал само Австралјанците да гинат во десетици илјади, исто како што е создадена и Босанската нација со масакрите на Хрватите и Србите, па и Црногорската нација преку еден масакр во 1918-та, така и Бугарите низ историјата ги имаат оставено на цедило Македонците пред се во Илинденското востание каде наместо ветената помош не оставија на Турците да не масакрираат, така е и со додоворите со Србија меѓу двете светски војни и дозволата српската војска да влегува на Бугарска територија и да ги убива вмровските чети, потоа со забраната за ВМРО, апсењето и убивањето на стотици дејци на ВМРО по софиските улици, токму тие предавства ја создадоа македонската нација и тоа Бугарија треба да си го признае.

Од друга страна и ние Македонците треба да признаеме дека сме биле една нација пред почетокот на 19-ти век и потоа сме се создале и сега постоиме и ќе постоиме и понатаму и тука нема ништо спорно.