ЉУБЧО ГО ИЗГУБИЛ УМОТ ОД МИЛИОНИТЕ: Во целата политичка криза и хаос, Бубе пуштил соопштение за музиката во хотелите и рестораните?!?!

0
1063

ljubco

Почитувани,

ВМРО-Народна партија во целост ја подржува иницијативата на Здружението на угостителство и туризам за намалување на наплатата на користење на авторски музички дела на ЗАМП.

Угостителството и туризмот е стопанска гранка на иднината во Р.Македонија која вработува најголем број на млади луѓе од една страна, а од друга страна заради комплексноста на дејноста развива и други стопански гранки. Заради ниската продуктивност што произлегува од неопходноста за голем број на вработени и високите трошоци на услугите, сметаме дека давачките кон ЗАМП се големи, неоправдани и дестимулативно делуваат на развојот на истата.

Од прес конференцијата на Здружението во Стопанската комора на Р.Македонија, дознавме дека тарифите се големи, селективно се наплатуваат и нема транспарентност како и каде се трошат приходите кои се пораснати за над 50 проценти, во однос на минатата година.

ВМРО-Народна партија предлага, угостителските објекти во кои ќе се слуша убава македонска народна и забавна музика, да бидат ослободени од секаква давачка кон ЗАМП, со што песната како една од главните обележја на македонскиот идентитетот, ќе придонесе за негова афирмација. Исто така предлагаме, оваа субвенција во корист на македонската музика да се компензира во буџетот на ЗАМП со повеќекратно зголемување на тарифата за угостителските објекти во кои ќе се слуша српска шунд, кич и турбофолк музика.

ВМРО-Народна партија укажува дека пракса е во цел свет ваквото декадентно творештво да се опорезува повеќекратно, со цел заштита на вистинските идентитетски уметнички вредности.

Со почит,

Центар за комуникации

на ВМРО-Народна партија