Љубчо вечерва на ,,Телма” изведе МАЕСТРАЛНО ПОЛИТИЧКО САМОУТЕПАНСТВО : Со многу ТЕГАВЕЊЕ неофицијално ја нагласи идната коалиција помеѓу ВМРО-НП и ВМРО-ДПМНЕ – ТОЈ ШТО ЌЕ ПОНУДЕЛ ПОВЕЌЕ СО НЕГО ЌЕ ИДЕЛ ВО ПРЕДИЗБОРНА КОАЛИЦИЈА?! КАКВО ПОЛИТИЧКО САЛТО МОРТАЛЕ!!!

0
5457

Љубчо Георгиевски во вечерашното издание на ,,Топ тема” на телевизија Телма направи класично политичко самоутепанство и салто мортале каде тој речиси и го нагласи идното коалицирање со Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори кој треба да се одржат на 11-ти декември оваа година.

Во своето интервју на телевизија Телма пред Чом тој отворено започна да блефира и да бара начини како да го нападне СДСМ и целиот опозициски блок за наводен притисок кон него а потоа силно ги искритикува и опозициските медиуми.

Интересен беше и фактот дека Љубчо во целото интервју на Телма речиси и да не го нападна ВМРО-ДПМНЕ воопшто туку само изјави дека би коалицирал со оној кој би понудил подобра предизборна понуда со кој класично го сврти интересот кај ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сите знаеме дека овој пат најголем интерес е спас на државата и ова е уште еден огромен минус за Љубчо кој го става теснопартискиот интерес пред државниот.

Оваа изјава на Љубчо во индиректен превод може да значи дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе им ја дадат најдобрата понуда, како на пример неколкуте директорски места на луѓето од извршниот одбор на ВМРО-Народна за кои јавно говореше Ламбе Арнаудов и финито, ЕНДЕ, би коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна.

Забележителен беше и фактот дека Љубчо манипулираше со многу работи како на пример манипулацијата со битката на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која ја сведе на нормална политичка битка за власт и обични политички дуели во кој сите се исти демек и едни и други се борат само за гола власт и дека опозицијата не води битка за спас на Македонија и борба протиф мафијата која ја киднапира државата веќе 11-та година по пат на системска кражба, уцени, закани, притисоци, притвори, затвори, лустрации, прогони и убиства!

Љубчо вечерва на Телма беше во улога на класичен политикант со премногу манипулативни тези во јавноста но и отворени прашања и многу нејаснотии, каде очигледно е дека тој го остави отворено прашањето околу коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ , но по се изгледа веќе е очигледно дека Љубчо изневери голем број на гласачи од ВМРО-Народна со овие негови калкулации и несериозни настапи.

Но тоа не е ни толку важно за него бидејќи според него најважно е што ќе одлучат крилата т.е. спартанците од фракцијата на Ламбе Арнаудов дали тие ќе лапнат директорски места или не а државата кој ја ебе ионака е ова еден класичен ,,Панорама” вмровски театар помеѓу Љубчо и Груевски.

Со вакви политичари како Љубчо кој за жал нема да успеат да привлечат нови гласачи за да отцепат дел од гласачкото тело на режиот од ВМРО-ДПМНЕ и со вакви ступидни изјави во јавноста државата никогаш не би можела да оди напред бидејќи пред се ова што беше вечерва како настап на Љубчо е класично ставање на личниот интерес пред државниот.

Љубчо од вечерва може слободно да се припиши во друштвото на Амди Бајрам, Стевчо Муња и Драгиша Милетиќ и да се збогува со политичката кариера затоа што од лидер на опозициска партија испадна обичен политичко класичен тројански коњ, кој ионака не го интересирало гола власт туку богатење на грбот на ВМРО-ДПМНЕ како актуелна власт додека народот е на питачки стап и преживува едвај ден за ден.