Љубинка Башеска е СВАРОВСКИ СУДИЈКАТА на РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ која ќе му суди на Заев!

0
3833

Судењето за „Пуч“ доби датум. Ќе се суди на 5-ти август, потврди за НОВА попладнево судски извор, откако предметот вчера беше распореден кај судијката Љубинка Башеска.

-Имаше размислување да се закаже и судење порано, но сепак, по консултации меѓу колегите, на судијката и беше сугерирано да не го закажува судењето сега, туку откако ќе се врати од одмор – открива извор од судот.

CAD95F53029B874A9E52FD2355FAD3EB

Според годишниот распоред за одмори, судијката Башеска од 8 јули ќе биде на годишен одмор, а се враќа на почетокот на август. До тогаш треба да го организира судењето, да испрати покани и да извести адвокатите, обвинетите и затворот во кој се наоѓаат четворица од обвинетите.

Судската ферија која запозчнува на 15 јули, завршува на 15 август. Таа не важи за притворски предмети кои можат да се судат и во овој период.

Веќе е познато и името на вториот судија во предметот. Љубинка Башевска ќе суди во совет со судијата Ивица Стефановски, кој е и заменик претседател на Основниот суд Скопје 1.
Стефановски вчера учествуваше во Советот за оценка на обвинението против Зоран Заев за случајот „Поткуп“, па неговото учество како втор судија и во предметот „Пуч“ уште повеќе би ги погреало сомневањата за непристрасноста на судот, бидејќи исти судии одлучуваа за судбината на овие предмети.

Ова може да биде основ за изземање на судијата Ивица Стефановски, па доколку отпадне од комбинација за судење, остануваат уште двајца судии, од четвртиот совет, кои до сега не учествувале во постапките против лидерот на опозицијата. Тоа се Дијана Груевска Илиевска и Ѓоко Ристов, кај кои се очекува да биде распореден предметот „Поткуп“.

Еден од нив би можел да влезе во Советот за судење во „Пуч“ или тоа да биде судијката Весна Димишкова, која по неколкумесечно отсуство се вратила на работа, но се уште нема доделено предмети во работа.

Љубинка Башевска, е судија од 1996 година, има 53 години, била избрана како судија во Основниот суд Скопје 2, каде што судеше до 2007 година до спојување на судовите, а од тогаш во Основниот суд Скопје 1. Главно судела кривични предмети, а во одделот за судење на организиран криминал е околу една година, по пензионирањето на судијката Павлина Христова.

Судеше неколку предмети за убиства, како случајот со тројното убиство во рибниот ресторан „Биг-фиш“ во Аеродром или убиство на Рампа во Кисела Вода. Овие судења траеа по неколку години бидејќи повисокиот суд ги укинуваше пресудите и и ги враќаше на повторно судење.
Башеска, често влегува во конфликт со странките и адвокатите на судењата, иако во голем број од случаите без основ.

На неодамна одржано судење за случајот „Армиски хеликоптери“ од страна на адвокатите, каде што е втор судија во случајот, и беше посочено да почне да се однесува како судија според новиот Закон за кривична постапка , кој го прави судијата само набљудувач во постапката, каде што обвинителот ја докажува вината на обвинетиот.

Во тој случај, Башеска вербално го нападна сведокот дека не бил јасен, концизен, не знаел да каже една реченица, па таа не разбрала ништо од неговите одговори.

На оваа реакција на Башеска, адвокатите бараа судијата Ивица Стефановска да и објасни на колешката дека не смее да се меша во тоа што и како кажува сведокот додека трае неговото испрашување.

Башеска влезе во дуел и со адвокатот Мирослав Вујиќ, од кого побара таа да ги одобри документите што тој му ги предочуваше насведокот и да побара прво дозвола од нив.
-Немам намера да ви ги дадм, ниту да барам дозвола од Вас. На тоа не ме обврзува законот, ќе ги добиете тогаш кога ќе дојдеме до таа фаза на постапката, сега само ги предочувам- и реагираше адвокатот на судијката.

По одлуката на Советот за оценка на обвинението на „Пуч“ за кој одлучуваа судиите: Горан Бошевски, Огнен Ставрев и Верка Петковска, веќе има реакции од правната фела дека Советот во решението прејудицирал вина, што е чест случај на одлуките на скопскиот суд, што е флагрантна повреда за што има и одлука на судот во Стразбур.

Извор : НоваТВ