Thursday, May 8, 2025
26.8 C
Skopje

ЉАТИФИ АЗИЗИ: ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПОМОШ НА МЛАДИ И МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ОДОБРЕНИ СЕ ИЗМЕНИТЕ НА ЗЛС СО ШТО ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ СЕ ПОДОБРИ ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ОПШТИНИТЕ

Почитувани,

Денес Владата ја одржа 77-та седница на која се донесија неколку значајни одлуки во интерес на граѓаните.

На седницата беше разгледана информацијата за носење на Предлог-програма за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите за млади и младински чадор организации за 2025 година преку министерството за социјална политика, демографија и млади.

Преку Министерството ќе се дадат грантови за проекти од областа на младите, на младинските организации во износ не поголема од 300.000 денари.

Проектите и апликациите треба да се насочени кон следните приоритетни цели и тоа:

зајакнување на влијанието на младите во сите процеси на донесување одлуки на локално и национално ниво врз основа на соодветна правна рамка;
препознавање на младинската работа како клучна алатка за помагање на позитивниот личен и социјален развој на младите;
оспособување на младите со знаења и вештини за медиумска и дигитална писменост кои препознаваат дезинформации и ги артикулираат сопствените интереси и ставови како активни граѓани во општеството со развиена критичка свест;
зголемување на свеста и имплементација на мерки за намалување на врсничко насилство, родово базирано насилство, сајбер безбедност и дигитална хигиена во рамките на образовните институции и
креирање на иновативни решенија за намалување на невработеноста на младите и промоција на мерки за самовработување и претприемништво.
Се со цел да се запази транспарентноста, ќе се објави јавен повик при што претставници од министерството и Генералниот секретаријат ќе ги разгледуваат апликациите и проектите, додека пак распределба на средствата ќе се врши согласно правилник за распределба.

Исто така, Владата го одобри предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа. По одобрувањето од страна на Собранието, овие измени ќе донесат значителни подобрувања во функционирањето на општините, зголемување на транспарентноста, граѓанското учество и административната ефикасност.

Почитувани граѓани,

Владата продолжува да работи посветено и одговорно за вас. Ние се обврзавме на реформи, промени и проекти, тоа и го испорачуваме.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ГРАДИНКАТА ,,ПРОЛЕТ” Е ПРИМЕР КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА МОДЕРНО СКОПЈЕ – СПРОТИВНО ОД КИЧОТ НА СКОПЈЕ 2014

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче,...

ДИМИТРИЕВСКИ: ЦЕЛ НА ЛАГИТЕ НА СДСМ НЕ СУМ ЈАС, ТУКУ ЗНАМ, КАКО НАЈБРЗОРАСТЕЧКА ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Прес-конференција на Максим Димитриевски, претсдеател на движењето ЗНАМ. „Од моментот...

ЈОВАНОВСКИ: ДОКУМЕНТИТЕ ПОТВРДУВААТ ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО КУМАНОВО – ДИМИТРИЕВСКИ И МИТЕВСКИ, СО ПОДДРШКА НА ДУИ, ЗАРАБОТИЛЕ 350.000 ЕВРА!

Прес-конференција, Александар Јовановски, советник во Советот на општина Куманово Почитувани...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ