ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА РЕДОВНО ГИ ЧИСТИ СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈАТА ВО СКОПЈЕ И НАЈОСТРО РЕАГИРА НА ПРОВОКАЦИИТЕ ДЕКА НЕКОЈ ДРУГ ГО ЧИСТЕЛ СПОМЕНИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

0
467

Јавното Претпријатие Комунална Хигиена ја известува јавноста дека се

невистинити објавите на извесни провокатори чии фотографии осамнаа на

интернет дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

Имено споменикот на Гоце Делчев како и бројни други споменици низ градот

се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет, при што само

на споменикот на Гоце Делчев јавното претпријатие Комунална Хигиена во

изминатиот месец дури три пати има превземено акција на целосно чистење

со соодветна механизација, средства и човечки ресурси.

Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а

воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие

презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме

надлежните институции да го истражат случајот и да превземат соодветни

мерки.

Повторно апелираме и повикуваме на свесност кај граѓаните да не се

вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини.