Јоханес Хан дефинитивно докажа дека е ЦРЕП од невидени размери: Му дал пусулче на Фатмир Бесими со барања за реформи од владата на Груевски кои требало да се завршат наредниве месеци?!?!

0
1410

Извештај на неколку страници со реформи кои Македонија треба итно да ги спроведе пред издавање на октомврискиот прогрес-извештај за напредокот на земјата во евроинтеграциите, добил денеска потпретседателот на Владата, Фатмир Бесими, по средбата со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, во Брисел, објави МИА.

johanes_han_eurokomisar_i_ri_p

Како што пишува МИА, Бесими денеска се сретнал и со Кристијан Даниелсон и Жан-Ерик Паке од Директоратот за проширување, како и со европратениците Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, а од комесарот Хан добил порака да им пренесе на политичките лидери во Македонија да се почитува договорот од 2. јуни постигнат со негово посредство во Скопје и врз негова основа да се изгради конечен договор за ставање крај на политичката криза во земјата.

– Поконкретни пораки на денешните средби добив на последниот состанок со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, од кого ми беше врачен на рака извештајот за Република Македонија со итни и приоритетни мерки за земјата што исто така ќе биде разгледан и на Советот за општи работи на Европската унија во текот на наредната недела – изјавил Бесими за МИА.

Според Бесими, се работи за документ од неколку страници што опфаќа повеќе области, пред се, независност и неселективност на судството, потоа извештај во однос на државните служби за безбедност во Република Македонија и соодветни реформи што се потребни таму, како и реформи во однос на изборниот процес, слободата на медиумите и изразувањето. Се работи за извештај на ЕК што е апдејтиран со најновите случувања и извештај што е подготвен од експертот на Еврокомисијата Рајнхард Прибе.

Од кабинетот на Хан испратиле соопштение по сребата со Бесими, во кое се вели: „Комесарот го повтори својот повик до сите партии, во интерес на својата земја и нејзините граѓани, да најдат траен политички компромис, изграден на договорот што веќе го постигнаа на 2. јуни. Тие, исто така, разговараа и за приоритетите на итна реформа на земјата, што Комисијата ќе ги следи внимателно во наредните месеци“.