ЈОВЧЕСКИ : ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ СО ПОДОБРУВАЊЕ НА ПАТНА И ГРАДСКА ИНФРАСТРУКТРА, ВО МОМЕНТОТ СЕ РАБОТИ НА УЛИЦИТЕ ,,МИЦЕ КОЗАР”, ,,ПРИЛЕПСКИТЕ БРАНИТЕЛИ” И ВО ЦЕНТРАЛНОТО ПОДРАЧЈЕ

0
507

🚧 Во насока на подобрување на квалитетот на одвивање на сообрајќајот и подобрување на градската патна инфраструктура денес извршив увид на санирање на ударните дупки низ градот. Се започна од улицата „Генерал Васко Карангелески“ кон вештачкото езеро Прилеп.

✅ Во текот нa денов како и во наредните денови ќе се продолжи и на улиците „Мице Козар“, „Прилепски Бранители“ и во централното градско подрачје.

👉🏼 Овие активности се предвесник на градежните работи кои ќе следат во претстојниот период, како што се асфалтирање на неасфалтирани улици и започнување на дел од предвидените капитални проекти за општина Прилеп.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.