Јове Кекеновски : На Груевски му нема спас, па со собирот во недела сака да изглуми дека уште има контрола

0
1350

Професорот, Јове Кекеновски, за собирот на ВМРО-ДПМНЕ во недела во салата „Борис Трајковски“ вели дека е обид на партијата да покаже привид на единство во ситуација кога е разнебитено членството.

jove-kekenoski

Кекеновски вели дека опаѓа довербата на симпатизерите во раководството на партијата и дека поради тоа штабовите се организираат со веќе познатите методи на присилба да покажат масовност во недела.

– Они до сега беа во дефанзива каде што се обидуваа на популистички, ветувајќи нови работни места и нови инвестиции, да ги намалат последиците од бомбите. Бидејќи почнуваат да се јавуваа голем број на незадоволни луѓе, во оваа втора фаза сакаат да направат привидно единство. Намерата им е да покажат дека Груевски држи контрола и дека ја има целосната поддршка од партијата, да глумат единство пред јавноста, а од друга страна да упатат јасна порака до опозицијата демек се единствени и дека нема лесно да се предадат – изјави професорот за „А1он“.

Кекеновски верува дека партиските штабови ќе ги употребат веќе познатите методи на присилба и списоци за во недела да го донесат членството во салата „Борис Трајковски“. Веќе медиумите информираат дека штабовите работат со полна пареа, дека партиските војници ги посетуваат членовите од врата до врата и дека со смс пораки ги повикуваат на трибина.

– Ние знаеме дека они така функционираат. Но не е проблем да ја наполните салата, затоа што колку тие што ќе дојдат се вистинските? Од срце доаѓаат или доаѓаат од што мораат? Они знаат колку се задоволни членовите во ВМРО-ДПМНЕ и колку не се. Секогаш играат со картата на бројки, па нека си пресметат сами – посочува тој.

На прашањето дали се менува расположението на членството во самата партија, Кекеновски вели дека се немалува довербата кон партискиот врв и дека јазот се повеќе ќе се зголемува како што ќе излегуваат нови скандали за владините фукционери.

– Како што ќе се појавуваат новите бомби и колку поскандалозни ќе бидат, така поддршката ќе опаѓа – вели тој.

Извор: А1он