ЈОВАНОСКИ ПРЕД ПРИЛЕПЧАНИ : СО ЖИТЕЛИТЕ НА ,,ЃОГДЕРЕ” СЕ РАЗГОВАРАШЕ ЗА НАПРАВЕНИТЕ ПРОЕКТИ ЗА ТРИ И ПОЛ ГОДИНИ

0
898
Со жителите на „Ѓогдере“ разговаравме за проектите кои ги реализиравме во изминатите три и пол години.

Дневниот центар за лица со церебрална парализа, реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, изградбата на мостот на Градска река, четирите еколошки автобуси на метан, комплетната реконструкција на храмот на фудбалот, стадионот „Гоце Делчев“, се дел од многуте проекти кои се гордост на сите граѓани од нашиот град, од општина Прилеп.

На барање на жителите од овој дел на Прилеп, започнуваме со уредување на тротоарите на потегот од маркетот „Бонита“ до мостот „Табана“ со бекатон плочки, поставување на хидранти во тесните улици зад сервисот „Ринго“, уредување на тротоарите на дел од улицата „Мирче Ацев“, како и со други инфраструктурни зафати кои се од приоритетно значење за граѓаните од оваа урбана заедница.

За СДСМ зборот е збор. Го слушаме гласот на граѓаните, реализираме проекти кои се најдоброто за нашата општина!

Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.