ЈОВАНОСКИ : НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИ ОД НАСЕЛЕНО МЕСТО ТОПОЛЧАНИ ГИ ИНФОРМИРАВ ДЕКА ТАМУ СЕ ЗАПОЧНУВА ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА

0
718
Заедно со членот на Извршниот одбор на СДСМ и директор на Платежната агенција, Никица Бачовски, пратеникот Миле Талевски и повеќе функционери од Општинската организација на СДСМ од Прилеп, денеска разговаравме со жителите од населеното место Тополчани.

На средбата истакнав дека за десетина дена стартува новата градежна офанзива во градот и населените места. Согласно потребите на жителите, ќе продолжи асвалтирањето на улиците кои се од приритетна важност за Тополчани.
Во постапка е изработката на урбанистички планови за 30 населени места во општина Прилеп, со која е опфатено и Тополчани. Со новата урбинистичка документација, го отвораме и патот за решавање на долгогодишниот проблем со недостиг на канализациона мрежа во населеното место.

Власта предводена од #СДСМ, води искрена грижа за тутунарите, што се докажа со навремената и неселективна исплата на субвенциите за тутунот, што е од особена важаност за прилепскиот регион, како најтутунарски во државата.

Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.