ЈОВАНОСКИ : ,,НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА” ВО ПРИЛЕП РЕАЛИЗИРАВМЕ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ КОИ СО ДЕЦЕНИИ БЕА САМО СОН

0
659

Градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за секоја општина“, пред бројните граѓаните се осврна на најдоброто што е направено во општината во изминатите 3,5 години.

За прв пат речиси после 5 децении, Прилеп дови нов мост, најголем и најубав во градот. Широк 22 метри, со четири коловозни ленти, со велосипедски и пешачки патеки од двете страни, а реконструиран е и булеварот „Гоце Делчев“ рече Јованоски.

Тој истакна дека со проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“, добивме нов спортско – рекреативен центар кај Вештачкото езеро, со кој го враќаме изгубениот сјај на некогаш популарното излетничко место.

Пред еден месец ја започнавме изградбата на детската градинка во населбата Точила, со капацитет од 260 деца која ќе биде готова до крајот на годината, рече Јованоски, додавајќи дека е отворен и Дневен центар за лица со церебрална парализа во Прилеп.

Тој истакна дека спортската гордост на Прилеп, храмот на фудбалот, градскиот стадион „Гоце Делчев“ го добива финалниот излед, а изградбата на покриениот базен, започнува во септември оваа година.

Јованоски истакна дека Прилеп во 2018 година беше прогласен за најеколошки град во државата, што се должи на најобемната примарна селекција на отпад, како и на ставањето во функција на пречистителната станица и набавката на 4 нови возила за подигање и транспорт на отпад.

За 3,5 години, изградивме повеќе капитални проекти, отколку што направи ВМРО-ДПМНЕ за 12 години, порача Јованоски.

Остануваме доследни, сплотени и единствени во реализацијата на сите зацртани и идни проекти. Градиме општина која го нуди најдоброто за сите граѓани, порача прилепскиот градоначалник Илија Јованоски на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за секоја општина“.