ЈОВАНОСКИ : ДЕНЕСКА ЗАПОЧНУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ ПРИЛЕП

0
533

✅ Денеска започнаа градежните активности за рехабилитацијата на околу 6.000 м2 од улицата „Кеј 9.Септември“, на која во моментов се отстранува стариот и оштетен асфалт, а после што веднаш ќе биде поставен целосно нов слој.

Градежните работи ќе продолжат и од спротивната страна на Градската река, каде со нов слој асвалт ќе се рехабилитираат 4.000 м2 од улицата „Кеј 1.Мај“.
Со асвалтирањето на овие две улици од централното градско подрачје, кои се наоѓаат во непосредна близина на Старата чаршија и Градскиот пазар, ја подобруваме функционалноста и безбедноста на патната мрежа од овој дел на градот.

Покрај овие улици, со градежната офанзива ќе бидат опфатени и улиците „Целе Мавроски“ во делот од населба „Тризла1“ наречен „Подкули“, улицата „Дабничка“ во населба „Тризла 2“, како и голем број на други улици во секој дел од нашата општина.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.