Јасминка Ангелова: МВР крие од јавноста, загинати се далеку повеќе полицајци од трите со кои шпекулираат Телма и Сител, јас имам информации дека се пет полицајци, се плашам дека се и повеќе, тешко ранети се околу 30!

0
1132

policijakumanovo

Сопругата на генерал Ангелов, Јасминка Ангелова, излезе со следниов фб статус пред неколку минути:

Монструмче во МВР! Монструми во власта! Не се кријте по кабинетите!

Убиени се 5 мина полицајци. 28 тешко повредени. Акцијата сеуште трае. Не кажувате дека има загинати полицајци. Под изговор, поради чувствителноста на ситуацијата. Така ви одговара.

Се плашите да не ви откажат послушност и да не ви пропадне планот од вашето болно сценарио. Се плашите да не ги фрлат униформите!

Командирите со сила ги терале да останат на отворените позиции. Ги насукавте во тесни улички за да ги убиваат како глинени голуби. Како жртвени јагниња ги фрливте во оган.

Полицајците на терен се бесни и сакаат да се каже вистината за загинатите колеги, за ранетите, за акцијата. Доста се невини жртви! Жртви само од наша страна!

Повторно ли дозволивте терористи од соседна држава да навлезат на наша територија? Побројни ли се од нашите полициски сили? Подобро вооружени?

Со лаги ли ќе го држите борбениот морал? Зоран Ставревски кога за Законот за бранителите преговараше со нив, кажал: “Не се секирајте вие за моралот, имаме ние начин како да го зголемиме!”

Како? Повторно со невистини. Лаги. Криминали. Незаконско владеење.

За човечки животи се работи.!!!  УШТЕ КОЛКУ бројчиња во болница ЌЕ ВЕ ЗАСИТАТ??? ЗА ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ВЛАСТ!

Аман. Свестете се веќе.