Јанкулоска и Грујовски денеска на распит за „Тврдина“

0
1028

Денеска во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија ќе излезат осомничените од случајот „Тврдина“.

Судијката Александра Поп-Стефанија, во присуство на обвинител од Специјалното јавно обвинителство, денеска ќе ги сослушува осомничените Горан Грујовски, началник на петтата управа во УБК, Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, која е веќе пристигната во судот, и уште тројца осомничени кои се товарат за уништување на опремата за прислушување.

Судијката повторно ќе одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор на Горан Грујовски и за мерките за претпазливост против другите осомничени во случајот „Тврдина“, откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на СЈО и ја укинал претходната одлука на судијката Александра Поп-Стефанија.