ЈАНКО БАЧЕВ : ЗОШТО ЗАЕВ, КОВАЧЕВСКИ И ПЕНДАРОВСКИ НЕ ОТИДОА ВО МЕЛНИК КАЈ ЈАНЕ САНДАНСКИ ЗА НИЕ ЛУДАЦИТЕ ДА НАПРАВИМЕ ИНЦИДЕНТ!? ПА ОВА Е СРАМОТА, ТРЕБА ДА ИДАТ ТАМУ И ДА ИМ ПРАВИМЕ СВИРЕЖИ, УКАЊА И УРЛАЊА КАКО ШТО НЕ ЛИЧИ!

0
633

Вчера цела Македонија во Битола го виде антимакедонското парадирање на македонските јаничари од власта во Софија кои не издржале во историјата и кои бараат да прифатиме дека сме измислена нација. Молкот на власта во Скопје значи одобрување на вчерашното јавно понижување во Битола на македонскиот народ и македонската држава.

Исто така, вчера го видовме и антимакедонското парадирање на Зоран Заев во Атина на конгрес на партијата Сириза каде го фалеше капитулантскиот договор со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Од друга страна, денес во Мелник, Пиринска Македонија, во организација на македонските организации во Бугарија се одржува Семакедонски собор со присуство на Македонци од сите делови на Македонија по повод 107 години од убиството на големиот македонски револуционер Јане Сандански.

Единствена Македонија како и македонскиот народ прашува зошто денес не се во Мелник, Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски да оддадат почит на Пиринскиот цар Јане Сандански. Зошто марионетите Заев, Ковачевски и Пендаровски се срамат да го одржуваат жив споменот на Јане Сандански и сите славни Илинденци, храбрите Македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија?