Јанева: Три дена намерно ме држите овде за да не можам да работам

0
1166

Почна комисиската расправа на која се разгледува извештајот за работењето на Специјалното јавно обвинителство и на која пратениците ѝ поставуваат прашања на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

– Три дена намерно ме држите тука и не ме оставите да работам. Три дена седам тука и одговарам на истите прашања. Вие намерно ме држите тука за да не можам да работам – му рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на пратеникот Крсте Мукоски, кој ѝ рече дека е неспособна и дека не знае да работи.

Мукоски рече и дека Јанева е должна да даде финансиски извештај и дека изминатите два дена покажала дека не треба да е тука и треба или да се извини или да си даде оставка.

– Сакаме да знаеме на што сте ги трошеле парите и бараме целосен финансиски извештај. Ние тука зборуваме за извештајот на Прибе, за тоа што овие Ваши 15 странички нема за што да се дискутира – рече Мукоски.

Јанева му кажа на Мукоски за сите опструкции што СЈО ги имало за случајот „Пуч“.

На ова Мукоски се извини до граѓаните за тоа што пред една година гласал за формирањето на СЈО.

Вчерашната седница беше прекината затоа што на Јанева ѝ се слоши, но таа денеска повторно е меѓу пратениците.

На седницата на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е присутен и републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Пред почетокот на седницата, пратениците Петре Шилегов од СДСМ и Илија Димовски од ВМРО -ДПМНЕ ги осудија вчерашните напади и монтажи на фотографии за колешките пратенички.

Извор : Мета