Јана Стојановска : Мајка ми нема врска со дилање дрога, ја поврзуваат поради нејзиниот девер

0
1560

Мајка ми нема врска со шверц на дрога, вели Јана Стојановска-Бојиќ, ќерка на актерката Силвија Стојановска, за српскиот портал „Република“.

– Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена, но кратко, затоа што набрзо беше утврдено дека таа нема врска со дилање дрога. Таа е поврзана со ова поради братот на нејзиниот сопруг, кој е осомничен за шверц на дрога. Тоа што знам е дека мајка ми нема никаква врска со криминал. Се слушнавме по сослушувањето, беше потресена, но сега е добро. Одреден ѝ е куќен притвор, но потоа ќе бараме да се брани од слобода – вели Јана.

Таа додава дека не знае дали сопругот на мајка ѝ е вмешан во шверцот.

– Не знам дали нејзиниот сопруг има врска со ова, тоа ќе покаже истрагата – вели таа.

Силвија Стојановска беше уапсена пред два дена под сомнение дека учествувала во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Шпанија. Судот ѝ определи 30-дневен куќен притвор и е осомничена дека била логистичка поддршка за шверцот на дрогата

Приведен беше и нејзиниот партнер Војислав Будисављевиќ кому судот му определи мерка притвор од 30 дена. Приведен е и неговиот брат кој живеел во Шпанија.