ЈАКИМОВСКИ: ТРЕБА ДА РАЗМИСЛИМЕ ДАЛИ НА СКОПЈЕ МУ ТРЕБА ПРИВАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ

0
526

📌Факт е дека нашите јавни градски претпријатија лошо функционираат.

📌Факт е дека се нефункционални.

📌Факт е дека даваат лоши услуги за граѓаните на градот Скопје.
‼️Недозволиво е граѓаните да плаќаат, издвојуваат средства, а да немаме соодветна услуга.

✅Ако градоначалничката на град Скопје, која што има кредибилитет и го црпи од народот, смета дека некои кои што учествуваат во јавниот градски превоз на несоодветен начин или на нерегуларен, таа има право на преиспитување.
Начинот и формата, дали е тој вистинскиот или не, јас тоа не можам да кажам.
Но, мислам дека ние сите треба да дадеме поддршка, да расчистиме, има ли таму криминал, има ли злоупотреба.

Има ли потреба од јавното градско претпријатие, кое го плаќаме сите, да ги активира сите автобуси или имаме потреба од волку многу приватни автобуси.

Значи се отвора многу голема тема, која што секако мислам дека треба да се потрудиме, многу побрзо таа работа да ја разрешиме.

Фејсбук статус на градоначалникот Општина Карпош, Стевче Јакимовски.