ЈАКИМОВСКИ : ОВА ШТО ГО ПРАВИ МИЦКОСКИ СО РЕФЕРЕНДУМОТ Е ТЕАТАР КОЈ СЕ ОДНЕСУВА КАКО МАЛО ДЕТЕ, РЕФЕРЕНДУМОТ 102,6 ОТСТО ЌЕ МУ ПРОПАДНЕ, ЦЕЛТА МУ Е ДА СЕ ИСПЕРЕ ПРЕД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА А ПОТОА ДА ГИ ГЛАСА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ

0
650

Стевчо Јакимовски од ГРОМ за ТВ21  изјави дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прави театар со иницијативата за референдумот.

Вели дека да беа против францускиот предлог,  нивните пратеници ќе беа во собраниската сала и ќе гласаа „против“.

„Ова негова тајна игра беше како дете кога ќе стави јастук на главата и ќе рече кај сум. Ова така го правеше Мицкоски. Потполно е јасно која игра ја одигра. И што е најстрашно толку неотесано продолжува да ја игра, обидувајќи се да организира референдум, кој што 102,6 отсто ќе биде неуспешен, нема да има мнозинство, ама него му треба референдумот за да се испере пред меѓународната заедница, а потоа да добие отворен пат во парламентот да ги гласа уставните промени“, вели  Јакимовски.

Но, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за критиките одговара со контра критики. Тој вели дека нападите кои како што вели ги трпи во изминатите денови се организирани од власта, преку како што рече, нивните инсталации во опозицијата.