ЈАКИМОВСКИ ЗА НАЈАВЕНИОТ РЕФЕРЕНДУМ НА МИЦКОВСКИ: ЧИСТА ФАРСА, НОВО ПРЕДАВСТВО!

0
1196

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, реагира на настапот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Сител, каде кажа дека „францускиот предлог“ не предизвикува правни последици и не можело врз него амандмански да се влијае.

„Зошто бе Христијан ја правевте собраниската работна група, се сликавте во клуб на пратеници заедно со Павле Трајанов и велевте ќе сте работеле на подобрување на текстот“, напиша Јакимовски на фејсбук.

Во однос на најавата на Мицкоски дека ќе собира 150 илјади потписи за референдум, Јакимовски прашува:

„Ќе собираш потписи исто онака како што собираше за пописот? 130 илјади потписи собра нели?! Нова фарса!“.

Воедно, тој предлага да потпишат договор со кој, како што вели, ќе му гарантираат на народот дека ако им даде поддршка на изборите ќе го поништат овој предлог.

„Не ти треба потписи, ниту референдум само потпис на заеднички договор во кој сите заедно им гарантираме на Македонците дека предавството ќе го стопираме. Ајде комито, не се плаши“, пишува Јакимовски.