ЃУБРИЊАТА ПАК СПРЕМААТ НЕКОЈА МАЈМУНАРИЈА: Фикусот Хорхе нема да биде во земјава за референдумот?!

0
1438

Претседателот Ѓорге Иванов нема да биде присутен во земјава за време на одржувањето на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија, наведуваат денеска повеќе македонски медиуми.

МИА претпладнето побара потврда или демант на оваа вест од Кабинетот на претседателот, но оттаму не добивме официјален став за тоа дали претседателот навистина нема да биде присутен во земјата на 30 септември, пресвртен датум од поновата македонска историја.

Медиумите наведуваат дека според неговиот Кабинет, Иванов ќе бил спречен на референдумот да го даде својот глас „за“ или „против“, поради тоа што, ќе ја претставувал Македонија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

-Неговото отсуство од земјава е резултат на договорениот „систем на ротација“, според кој една година во Њујорк оди премиерот, а друга година шефот на државата, пренесуваат медиумите повикувајќи се на Кабинетот на Иванов.

Генералното собрание на Обединетите нации, што секоја година почнува во третиот вторник од септември, годинава ќе се одржува од 25 до 30 септември. Според прелиминарниот распоред на учесници во главната дебата на генералното собрание на ОН, објавен на нивниот сајт,  претседателот Иванов ќе има свое излагање на 27 септември во претпладневната сесија.