ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ И ЗВОНКО КОСТОВСКИ КОИ ГО ОТКРИЈА И СВЕДОЧЕА ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“

0
797

Укажувачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, електроинженерите од УБК кои неразмислувајќи за ризикот по животот и слободата, извлекоа илјадници докази за повеќегодишно незаконско прислушување на граѓани, денеска ја примија наградата „Мето Јовановски“, за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Претседателската на одборот за доделувањето на наградата Уранија Пировска рече дека борбата за човекови права е невозможна без храброст, одлучност и преземање ризик, а борецот за човекови права мора да биде личност со интегритет, кој е подготвен да преземе акција и по цена на нарушување на личната безбедност.

„И покрај опасноста и можните реперкусии врз нивниот живот, овие долгогодишни службеници во МВР, и двајцата врвни професионалци и наградувани за проекти поврзани со националната безбедност, решаваат да станат укажувачи за овој голем криминал со кој брутално се беа прекршени човековите права. Поради оваа активност Лазаревски и Костовски беа цел на оркестрирани напади, заплашувања кон нив и нивните семејства, а поминаа и период во затвор“, рече Пировска.

Ѓорѓи Лазаревски сега е пензионер, а Костовски сè уште е во МВР.

„Пред точно 11 години ние решивме да го сториме тоа што сметавме дека е единствено исправно во дадените околности. Бевме сосема свесни за ризиците, а за награди и признанија ниту помисливме ниту ни беа битни“, изјави Лазаревски, посакувајќи никогаш да не се повтори вакво масовно кршење на човековите права и слободи.

Извор : СДК.МК