ЃОРЃИЕВСКИ : ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ПОКВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА МЛАДИТЕ Е ВЛОГ ВО ИДНИНАТА НЕ САМО НА ОПШТИНАТА, ТУКУ И НА МАКЕДОНИЈА

0
460

Инвестирањето во поквалитетно образование за младите е влог во иднината не само на општината, туку и на Македонија.

🏫 Денес сме во посета на ООУ ,,Св. Климент Охридски”, каде поставени се нови дигитални табли како дел од проектот за осовременување на училиштата, преку стимулирање на дигиталните вештини и знаења.

🖥️ Имено, преку партнерство со Центарот за развој на Скопскиот плански регион обезбедивме 16 смарт табли кои ќе бидат поставени во училиштата низ општината и ќе овозможат дополнително унапредување на наставниот процес.

☝️ Со ова, смарт уреди и услови за унапредување на наставниот процес има во сите училишни објекти.
Опремени се со 43 дигитални табли и 75 смарт телевизори

👨‍🏫 Инвестициите во образованието се поставени високо во приоритетите на делување во општина Кисела Вода, за што се доказ бројните проекти кои веќе се реализираат.
💻 Ќе потсетам на проектот ,,Компјутер за секој наставник”, со кој општина Кисела Вода, преку донации обезбеди компјутер за секоја училница од сите 11 училишни објекти, што пак, овозможи поквалитетно изведување на онлајн наставата за учениците кои се во изолација и можност наставниците во целост да си ги извршуваат своите обврски на работното место.

Денешниот проект за поставување на дигитални табли е само уште еден чекор во исполнување на ветувањето што го дадов на моите сограѓани за современи услови за сите наши ученици.

🤝 Во ,,Св. Климент Охридски” годинава настава посетуваат 418 ученици.
Со денешната донација, во сите училници има дигитални уреди и можности за осовременување на наставата.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.