ЃОРЃИЕВСКИ : ДЕНЕС БЕВ ДОМАЌИН НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ ОД МИСИЈАТА НА ОБСЕ, ОФИЦЕРОТ ЗА НАБЉУДУВАЊЕ НУРМА ГОНЗАЛЕС, САЕНЦ КАСАС И АСИСТЕНТОТ МАГДАЛЕНА ЏАЈКОВСКА

0
628

🤝 Денес бев домаќин на претставниците од Мисијата на ОБСЕ, офицерот за набљудување Нуриа Гонзалес Саенц Касас и асистентот Магдалена Џајковска.

📕 На средбата во кабинетот, гостите беа запознаени со состојбата во која беше општината при преземањето на мандатот, од финансиски, административен и урбанистички аспект.

Посебен интерес тие пројавија за затекнатите долгови на општината, како и за начинот на кој се справуваме со нив, како ги менаџираме тековните проекти и процесите внатре, во општината.

☝️ Претставниците потенцираа дека имаат позитивни резултати од мониторингот извршен пред закажаната средба околу соработката на општина Кисела Вода со институциите на локално и на централно ниво, како и тоа дека наишле на многу позитивни реакции од жителите од овој дел на Скопје во врска со мојата работа како градоначалник.

❗Во фокус на разговорот беа и случувањата околу распишувањето на меѓународниот конкурс за ДУП за Расадник, што е нешто, што за првпат се прави после катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Претставниците на ОБСЕ ја поздравија транспарентноста на процесот, формирањето на Партиципативно тело и одлуката на градоначалникот да дозволи граѓаните да одлучуваат за оваа населба, а тој да биде исклучен од одлуките.
Средбата беше заокружена во позитивна атмосфера, и изразена желба од тимот на Мисијата на ОБСЕ за учество во заеднички проекти со општина Кисела Вода, пред сѐ од областа на јакнење на капацитетите на општината и превентивно делување.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.