ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДОСТОИНСТВО: Генерал Марковски го нападна СДСМ на Телма – Во МВР имало три групи на кадри, едните верни на ДПМНЕ, едни на СДСМ и едни кои се професионални?!

0
2116

Прво сопругата на генерал Ангелов јавно распали со погрдни зборови по министерот Спасовски, дека не бил кадарен да се соочи и справи со екипата на Чавков во МВР, сега во емисијата Топ Тема, генерал Благоја Марковски распали по СДСМ со тоа што го изедначи со ДПМНЕ и кажа дека во МВР имало кадри верни на ДПМНЕ, на СДСМ и едни кои биле професионални?!

Значи според Благоја Марковски, постои знак на равенство меѓу бандата на Сашо Мијалков, Пуки, Гоца бесни брк и Чавков од една страна (кои се обвинети за тортура, прислушкување, провизии и што ли уште не) и тимот на Оливер Спасовски од друга страна?! Па кого ти заебаваш генерале Марковски?!

Што се случува со партијата Достоинство?!

????????????????????????????????????

Пред некој ден генерал Ангелов се појави на Бихачка и потпиша повелба за фронт за демократија со Зоран Заев, а од друга страна негови високи функционери фрлаат со дрва и камења по СДСМ и тоа во најкритичните моменти за опозицијата?!

Пред некој ден генералот Ангелов не се појави на протестот на Шарената Револуција пред МРТВ затоа што не му било дозволено да зборува на протестот. Можеби од Шарена Револуција се уплашиле дека генералот Ангелов ќе предизвика одбивност кај Албанците и другите кои е дел од протестот а кои немаат големи политички симпатии према Генералот кој за воља на вистината сеуште е верен на својата десна политичка ориентација и треба да биде свесен за вакви реакции и да не биде изненаден од истите.

Сепак негов заштитен знак е дека војувал против УЧК, а УЧК има симпатии кај Албанците и тоа СИТЕ Албанци, а исто така десничарските демо-христијански ставови на генерал Анегелов не се симпатични за повеќето протестанти на Шарената Револуција, но тоа не значи дека не треба да протестираме заедно сите, но не мора сите да зборуваме качени на бина.

Несомнено е сепак дека генералот Ангелов придонесе многу во борбата со овој режим со своите активности, изјави, интервјуа и пред се протестите пред МРТВ. Само проблемот е што неговата идеологија налага тој своите приврзаници и гласачи да ги бара во десницата која засега во поголем дел е поклопена со фашистите од ДПМНЕ. Тој ќе мора да чека распад на ВМРО ДПМНЕ по апсењето таму на цел прв и дел од втор и трет ешалон па да се бори за свој политички успех.

Додека се чека тоа нека помага колку што може и нека не прави штета на она што се случува во моментов, и нека си ги малку координира своите луѓе и кадри да не летаат многу во облаци.