ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО КУМАНОВО?! Пукање во Лопате- полицијата го блокираше излезот кон Куманово

0
1133
Некаде после 21 часот, жителите на село Лопате, со фотографија испратена до редакцијата на Кумановски Муабети, информираа дека во селото има зголемено присуство на полицијата, откако одекнала стрелба од огнено оружје.

кум 44

Жителите на селото, испаничени поради ситуацијата, информираа дека излезот од селото кон Куманово преку железничката пруга бил блокиран од страна на полицијата.

Во момент на изготвувањето на информацијата, од кумановската полиција дознаваме дека се работи за вооружена престрелка на локални жители, и не се пријавени човечки жртви.

Според СВР Куманово, во престрелката има ранети лица.