Што сакаат зрелите, а што помладите девојки?

0
2247
Младите девојки “паѓаат” на амбициозни и добро ситуирани мажи, а во зрелите години жените очекуваат чувствителност. Сепак, едно никогаш не се менува, а тоа е фактот што жената секогаш бара партнер кој сексуално ја привлекува.
sto-sakaat-devojkite-a-sto-zrelite-zeni

Има добра работа, амбициозен е и атрактивен… Може ли да биде подобро од тоа?! Иако еден дел од животот жените го поминуваат фантазирајќи за славниот “совршен” маж, порано или подоцна дамите стануваат свесни дека сепак некои други квалитети се многу поважни.

Младите жени сакаат нивниот партнер да биде успешен, богат и атрактивен, но во зрелите години жените бараат чувствителен човек кој ќе ги разбира нивните потреби. Годините и искуството со себе го носат и сознанието дека принцот на белиот коњ не постои и примарна цел за жените станува процесот на создавање на емотивна блискост со партнерот.

130424_xx_sexlessmarriage.jpg.crop_.article568-large_0

Истражувањето, во кое учествувале 9.000 жени на возраст помеѓу 16 и 75 години, покажа дека финансиската состојба и амбициозноста се двата најважни фактори за младите жени, од кои дури половината признале дека посакуваат партнер кој може да си дозволи да ги задоволува желбите на жените и да ги опсипува со подароци и внимание.

devojki

Една четвртина од девојките кои учествувале во анкетата сакаат врска со амбициозен маж кој гради успешна кариера. Од друга страна, жените во зрелите години сакаат некој кој ќе им понуди сигурност и разбирање и кој ќе биде покрај нив секогаш кога им е тешко.