ШТО ДОЧЕКА МАКЕДОНИЈО, БАТЕ САШЕ ДА ПЛАЧЕ ВО СУДНИЦА И ДА МОЛИ ЗА СПАС!!!

0
2389

Судот да ја запре кривичната постапка против Сашо Мијалков, побара денеска неговиот адвикат повикувајќи се на аболицијата што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов.

„Предлагам судот да донесе решение за запирање на постапката кон обвинетиот Сашо Мијалков“, рече адвокатот Љупчо Шврговски и додаде дека одлука на Иванов не може да биде суспендирана со Законот за измените и дополнувањата на Законот за помилувањето.

На Мијалков му се суди за предметот „Таргет-Тврдина“. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4.286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или 5.827 телефонски броја. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Извор : МакФакс