ШОК ЗА ВМРОВЦИТЕ : МЕРКЕЛ ГИ ЗАПРЕПАСТИ ГРЧКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ И ГРЧКИТЕ ЌОСИЊА, СРЕДЕ БЕРЛИН ГО НАРЕЧЕ ЗАЕВ МАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕР!!!

0
4282

Грчките медиуми средбата Меркел – Заев денеска во Берлин ја забележаа главно по изјавата на канцеларката дека има посилна енергија во преговорите, но и по тоа дека Меркел го поздравила гостинот со зборовите „му посакувам добредојде на македонскиот премиер“.

Електронското издание на весникот „Прото тема“ токму оваа изјава на Меркел ја вади во наслов. 

Инаку, прашана од македонски новинар, Меркел рече дека не сака многу да зборува за преговорите за името и за некакви притисоци. Сепак, го нагласи фактот дека првпат по подолго време има посилна енергија во преговорите.

– Мојот став е дека притисокот во преговорите не е многу од корист. Имам впечаток после подолго време дека двете страни имаат решеност за преговарање. Верувам дека и вие знаете дека јавните изјави некогаш повеќе може да штетат отколку да користат. Тука треба да се најде патот, не треба на прес-конференција, туку зад затворени врати – рече германската канцеларка.

Мета