ШОКАНТНО – ЕВЕ КАДЕ ЗАВРШИЛЕ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА УКРАДЕНИ ОД ЕВН : СПОРЕД СДСМ, ОБВИНЕТИ ВО ,,КРИМИНАЛНИ ПАРЦЕЛИ” СЕ ДОНАТОРИ НА ВМРО-ДПМНЕ И АРСОВСКА!

0
1486

Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинетите и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ и на кампањата на Данела Арсовска.

Орце Тодоровски, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски и на листата на донатори на Данела Арсовска.

Мицкоски да не бега туку да одговори каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?

Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор и преку својот телохранител ги прикрил трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Никола Груевски правеше со плацовите на Водно?

Мицкоски мора да даде одговори на овие прашања пред јавноста.