ШОКАНТНО СООПШТЕНИЕ НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Ако пуштите снимки за мене, ќе пуштам и јас за Бранко Црвенковски!

0
1262

Ljubco-Georgievski

Почитувани,

ВМРО – Народна партија е згрозена од мизерноста на начинот со кој политичките рекетари од СДСМ веќе по втор пат упатуваат јавна закана до претседателот на ВМРО-Народна партија, г-динот Љубчо Георгиевски,  дека имаат негови компромитирачки разговори со луѓе од власта.

ВМРО – Народна партија јавно ги повикува челните луѓе од СДСМ што поскоро да ги објават сите разговори што ги имаат од тој карактер.

ВМРО-НП при тоа инсистира само на две работи:

– да се објават буквално сите разговори што г-нот Љубчо Георгиевски во континуитет почнувајќи од 2003 година па се денес,  ги имал со било кои претставници од власта. Ве уверуваме дека ова нема да Ви одземе многу време и простор.

– исто така да се објават и датумите кога се правени овие разговори.

ВМРО-Народна партија во некоја наредна фаза ќе прозбори за документите кои г-динот Зоран Верушевски му ги давал на г-динот Љубчо Георгиевски. Тоа се документи и афери кои се целосно против нивниот тогашен лидер г-динот Бранко Црвенковски. Но исто така сме спремни и со задоволство да ги  прераскажеме содржините на  голем број телефонски разговори помеѓу високи партиски функционери на СДСМ и новинари, кои г-динот Верушевски му ги пуштал на нашиот претседател да ги слуша изворно во неговиот стан во населба Аеродром.

ВМРО – Народна партија длабоко е уверена дека г-динот Верушевски повеќе од 20 години прислушува луѓе од власта и од опозицијата и со тоа нивните судбини и професионални кариери ги ставал во заложништво на еден човек или потесна група на луѓе.

На ваквата крајно недемократска пракса со која се повредуваат основните човекови права на граѓаните,  сметаме дека конечно треба да и се стави крај во Р. Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации

на ВМРО-Народна партија