ШОКАНТНО: СИНОТ НА ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ, ИНСПЕКТОР ВО МВР, СО ПЦОВКИ И КЛЕТВИ КОН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ

0
1280

Зеглул Реџепи, син на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи и инспектор во МВР, преку коментар на Фејсбук со навреди до претседателот Стево Пендаровски.

„Ова е секогаш лицето на оваа држава, како и секогаш со два аршини, г.Пендаровски не заборавај кога ти требаа гласови трчаше кај сите без разлика, добро е и сега да не правиш разлика!! За крај едно прашање за вас: на кого личите, на мајка ви, сестра ви или невестата??“, пишува Реџепи во коментар на Фејсбук под вест за пораките на претседателот до поглаварите на ИВЗ и на МПЦ-ОА.

Инаку, Пендаровски вчера телефонски разговарал со поглаварите г.г. Стефан и со Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

„И, на двајцата лидери им ги пренесов моите ставови и загриженост во врска со вчерашните случувања во Струга, како и за најавата на ИВЗ дека ќе ги отворат верските објекти на 12 мај.Како претседател на сите граѓани им укажав на верските лидери дека од нив очекувам како и досега да повикаат на одговорно однесување на граѓаните за време на верските празници, како и да го осудат секое однесување спротивно на мерките пропишани од државните органи. Во интерес на сите граѓани, а со цел што поскоро надминување на состојбите побарав од поглаварот и од реисот да делуваат превентивно и да не ги поттикнуваат собирите на големи групи верници“, пишува во вчерашното соопштение од кабинетот на Пендаровски.

Инаку, Зеглул Реџепи е инспекторот вработен во МВР, кој се вклучил во живо на „Фејсбук“ и се снимал како шета по улица за време на полицискиот час, по завршување на работните задачи, против кого МВР покрена дисциплинска постапка поради нарушување на угледот на институцијата.